За поминување на групата во Лигата на Европа

Играчите на Звезда наградени со 500.000 евра

„Црвено-белите“ ќе имаат дополнителен мотив повеќе за да се покажат во најдобро светло на следниот двомеч против ЦСКА Москва

објавено: 6 февруари 2018 - 20:10

Црвена Звезда имаше одлична европска есен и успеа да ја помине групната фаза во Лигата на Европа, па сега подготовките се за двомечот од шеснаесетфиналето против ЦСКА Москва. И додека „црвено-белите“ се наоѓаат на подготовки во Турција, се појави информација дека фудбалерите на белградскиот тим ќе добијат вкупно 500.000 евра, како награда за поминување на групната фаза во Лигата на Европа. 

Првиот меч против московскиот гигант ќе се игра на 13 февруари во Белград, а ЦСКА ќе биде домаќин на реваншот во Москва. 

Најново во Меѓународен Фудбал