МОЖНО ЛИ Е САМО ЕДНА ГОДИНА ДА БИДЕ БРАЗИЛЕЦОТ НА ТРОНОТ

Има кандидат да го сруши рекордот на Нејмар

Мохамед Салах е играчот кој блеска сезонава во дресот на Ливерпул

објавено: 20 март 2018 - 15:10

Трите најмоќни клубови во светот, Реал Мадрид, Барселона и Пари сен Жермен се фокусираа на ѕвездата на Ливерпул, Мохамед Салах. Според британските таблоиди, египетскито репрезентативец ќе си замине од „Енфилд Роуд“ по завршување на сезонава. 

Салах игра одлично и е прв стрелец не само во Англија, туку е водечки и во трката за најдобар голгетер во Европа. Во Премиерлигата има дадено 28 голови, а во сите натпреварувања сезонава на 41 натпревар вкупно 36 пати ја тресел мрежата на противниците. 

Токму порадуи ваквата игра, двата шпански гиганти, заедно со богатиот ПСЖ се заинтересираа да го купат. Се шпекулира дека сумата која може да биде дадена за Салах да ги надмине 222 милиони евра, кои минатата година ПСЖ ги плати за да го доведе Нејмар од Барселона. 

Од Ливерпул засега категорично одбиваат дека планираат да го продадат нивниот најдобар играч. 

 

Најново во Меѓународен Фудбал