МУ СЕ ЗАКАНУВА ДА БИДЕ „МРТОВ“

Има вперено пиштол во главата на Меси

Селекторот на Аргентина, Жорге Сампаоли се обиде да објасни како му е на капитенот на „гаучосите“ пред почетокот на Светското првенство во Русија

објавено: 26 март 2018 - 19:10

Аргентина е селекцијата која пред четири години го освои среброто на Светското првенство во Бразил. „Гаучосите“ во финалето дури по продолженија загубија од Германија со 1:0, што беше големо разочарување за фановите на оваа јужноамериканска земја. 

Првата ѕвезда на Аргентина и играчот со капитенската лента, Лионел Меси, во кариерата на клупски план ги има освоено сите најзначајни трофеи. Сепак, кога се работи за националната селекција, Меси има кошмар. одигра три финалиња во Аргентина и сите три ги загуби (две на Копа Америка и едно на СП). 

Сега Лео е повторно во центарот на вниманието. Се очекува, петкратниот освојувач на „Златната топка“ да ја предводи Аргентина до златото во Русија. Тоа е огромен притисок, а селекторот на Аргентина, Жорге Сампаоли направи интересна споредба. 

„Меси на главата има вперено пиштол, кој се вика Светско првенство. Ако не го освои, тогаш е мртов. Како резултат на тоа, тој не може да ужива во својот талент. Целата таа негативност, околу репрезентацијата, му штети на Меси. Чувствувам дека во овој момент го тренирам најдобриот играч во историјата. Лео веќе 10 години е најдобар во светот“, вели селекторот на Аргентина, Сампаоли. 

Во репрезентативниот дрес на „гаучосите“, Меси има одиграноп 123 натпревари, во кои постигнал 61 погодок. На Мундијалот во Русија, Аргентина е во група заедно со Хрватска, Исланд и Нигерија. 

Најново во Меѓународен Фудбал