ѕвездите од шпанија не се прославија

Иниеста и Торес со кошмарни деби мечеви во Јапонија

И двајцата некогашни репрезентативци на „црвената фурија“ во игра влегоа во второто полувреме

објавено: 22 јули 2018 - 22:22

Легендата на Барселона, Андрес Иниеста дебитираше во јапонското првенство за тимот на Висел Кобе. Иниеста беше резерва и влезе во 58 минута, кога неговиот тим губеше со 2:0. до крајот на дуелот тимот на Кобе прими уште еден гол и Шонан Белмаре славеше со 3:0. 

Откако влезе на теренот, Иниеста предизвика овации на трибините. При секој негов допир со топката, навивачите аплаудираа. 

Ништо подобро не помина ниту Фернандо Торес. Напаѓачот кој си замина од Атлетико Мадрид стартуваше од клупата за резерви за новиот тим Саган Тосу. Торес во игра влезе во второто полувреме, но неговиот тим загуби со 1:0 во Џеј лигата. 

Најново во Меѓународен Фудбал