тоа е бесконечна љубов

Иниеста ќе добие феноменална кореографија на последниот меч на „Камп Ноу“ (Фото)

Легендарниот капитен си оди од каталонскиот гигант 

објавено: 17 мај 2018 - 11:30

Легендарниот капитен на Барселона Андрес Иниеста целата досегашна ја помина во каталонскиот гигант, но во недела доаѓа крајот на оваа приказна која трае речиси две децении. Иниеста си заминува на крајот од сезоната, а в недела на „Камп Ноу“ ќе игра против Сосиедад, во последниот меч од првенството.

Тоа ќе биде и испраќање на Иниеста од Барселона. Миленикот на навивачите ќе добие кореографија како што заслужува. Феноменалниот 34-годишен Иниеста ги освои сите најзначајни трофеи со Барселона. Девет пати беше првак на Шпанија, а има и четири титули во Лигата на шампионите. 

Најголемиот стадион во Европа, в недела ќе биде со кореографија посветена на Иниеста. „Бесконечност Иниеста“ ќе пишува, а на двете страни од трибините ќе биде знакот на бесконечноста, кој е во вид на легната осмица. Токму осмицата е бројот кој го носи Иниеста. 

Еве како ќе изгледа „Камп Ноу“ пред мечот на Барселона со Реал Сосиедад. 

 

 

 

Најново во Меѓународен Фудбал