ВЕЌЕ СИТЕ КАКО И ДА ОЧЕКУВААТ ВАКВО СЦЕНАРИО

Иниеста: Ништо чудно ако Нејмар да заигра за Реал

Капитенот на Барселона, знае дека еден ден може да се случи играчот кој се радуваше на головите против „кралевите“, да се пресели на „Сантијаго Бернабеу“

објавено: 22 март 2018 - 14:40

Капитенот на Барселона, Андрес Иниеста вели дека воопшто нема да биде изненаден, ако се случи бразилската супер ѕвезда Нејмар еден ден да заигра за Реал Мадрид. До пред помалку од една година, Нејмар го носеше дресот на Барселона и се радуваше на головите против Реал, но сега се поверојатно е дека може да пристигне на „Сантијаго Бернабеу“. 

Нејмар има уште од договорот со Пари Сен Жермен, но самиот играч отворено изразува незадоволство и сака да си замине од францускиот тим. 

„Нема да ме изненади ако Нејмар се пресели во Реал Мадрид. Знам дека Реал сака да ги купува најдобрите играчи, а Нејмар е дефинитивно таков. Со него во тимот, мадриѓани сигурно ќе бидат посилни на теренот“, рече Иниеста, кој додаде дека не знае дали тој самиот ќе остане во Барселона за следната сезона, или ќе направи трансфер во Кина. 

 

Најново во Меѓународен Фудбал