ЗА ПРВ ПАТ ВО САУДИСКА АРАБИЈА

Историски: Дозволен влез за жени на стадионите

На трибините ќе има посебни сектори специјализирани за жените, а билети ќе се купуваат по специјален електронски систем

објавено: 10 јануари 2018 - 16:45

Саудиска Арабија ја очекува историски фудбалски викенд. За прв пат ќе може жени да одат на стадион и да гледаат натпревари и тоа во три различни града од кралството.

За жените ќе бидат формирани специјални сектори, а билети ќе се купуваат по специјален електронски систем. Полека но сигурно во Саудиска Арабија жените добиваат права. Се најавува дека во јуни 2018 година, во Саудиска Арабија ќе биде дозволено жените да полагаат за возење автомобили. 

Најново во Меѓународен Фудбал