„АЅУРИТЕ“ САКААТ ДА СЕ ВРАТАТ НА СТАРИТЕ ПАТЕКИ

Италија го бара Анчелоти за селектор

Следниот месец и официјално треба да биде познато кој ќе биде новиот предводник на некогашниот европски и светски првак

објавено: 24 април 2018 - 17:00

Фудбалската федерација на Италија и официјално испратила понуда до Карло Анчелоти да биде новиот селектор. Некогашниот тренер на Милан, Реал Мадрид и Баерн Минхен е без работа, откако пред неколку месеци доби отказ од германскиот гигант. 

Засега не се откриваат детали околу понудата и неизвесно е дали Анчелоти ќе прифати да седне на селекторското место на некогашниот европски и светски првак. Името на италијанскиот стратег се поврзува и со екипите на Челзи и Пари Сен Жермен.

Италија не успеа да се пласира на Светското првенство во Русија, откако во баражот беше поразен од Шведска. Освен Анчелоти, како можен нов селектор се споменуваат и Роберто Манчини и Фабио Капело. 

Најново во Меѓународен Фудбал