„аѕурите“ сакаат да се вратат на славните патеки

Италија конечно доби нов селектор

Четирикратниот светски првак во следниот период ќе биде под водство на Роберто Манчини

објавено: 15 мај 2018 - 08:30

Веќе е и официјално. Роберто Манчини е новиот селектор на италијанската фудбалска репрезентација. Некогашниот тренер на Интер и на Манчестер Сити, в четврток ќе биде претставен како предводник на „аѕурите“. 

Манчини доаѓа на местото на Џанпјетро Вентура, кој доби отказ во ноември минатата година, откако четирикратниот светски првак не успеа да се квалификува на завршницата на Светското пренство во Русија. Во бараж средбите, Италија беше елиминирана од Шведска. 

Манчини како последно работно место ја имаше тренерската позиција во рускиот Зенит. 

Најново во Меѓународен Фудбал