Невреме го одложи мечот во Серија А

„Адријатико“ се смрзна, одложен мечот Пескара - Фиорентина

Во Пескара денеска нема да се игра фудбал, а причина е невремето и снежната покривка на стадионот „Адријатико“

објавено: 8 јануари 2017 - 11:55

Во Пескара денеска нема да се игра фудбал, а причина е невремето и снежната покривка на стадионот „Адријатико".

Пескара и Фиорентина ќе почекаат за старт на пролетниот дел од шампионатот, иако домаќините се обидоа да се справат со невремето. Снегот веројатбно ќе беше исчистен, но поради специфичната локација на стадионот, ново невреме би ја загрозило безбедноста на навивачите. Пескара е на брегот на Јадранот, што ја прави специфична ситуацијата во услови на невреме.

Италијанската фудбалска федерација во следните денови ќе објави кога ќе се игра мечот.

Најново во Меѓународен Фудбал