НОВ ДОГОВОР ЗА ТРЕНЕРОТ НА ИТАЛИЈАНСКИОТ ШАМПИОН

Алегри во Јуве најмалку до 2020

Шефот на Јувентус, Масимилијано Алегри потпиша нов договор со шампионите на Италија со важност до 2020 година

објавено: 7 јуни 2017 - 16:03

49-годишниот Алегри ги предводеше Јуве до три титули во низа во Серија А, две финалиња од Лигата на шампионите и три титули од Купот на Италија откако го замени Антонио Конте во јули 2014 година.

„Еден покрај друг, Јувентус и Алегри креираа историја и легенда. Сега е време да се направи следниот чекор напред. Овој договор значи дека Бјанконери ќе ја консолидираат својата улога како најдобар тим во Италија и еден од силните европски тимови“, се вели во известувањето на Јувентус.

Во мај 2016, поранешниот шеф на Милан, Алегри, го продолжи договорот до летото 2018 година. Јувентус заврши со четири поени пред Рома во сезоната 2016/17 за шеста титула едноподруго. Тие потоа загубија со 4:1 во финалето на ЛШ од Реал Мадрид.

Најново во Меѓународен Фудбал