Наполитанците остануваат зад шампионот

Анчелоти и Наполи победија и останаа зад лидерот (ВИДЕО)

Сасуоло не успеа достојно да му парира на тимот на Карло Анчелоти. Со два погодока, по еден во двете полувремиња, Наполи ги обезбеди новите три бода во Серија А.

објавено: 7 октомври 2018 - 20:00

Наполи го совлада Сасуоло со 2:0 и остана на второто место на табелата во Серија А лигата по 8. кола. Вечерва на „Сан Паоло“, наполитанците немаа посериозни проблеми да слават на средбата со Сасуоло и да ја потврдата втората позиција на табелата, зад неприкосновениот Јувентус.

Алжирецот Оунас отвори по само 3 минути игра и најави дека Наполи на овој меч е решен да ги обезбеди трите бода. Иако не успеаја да го зголемат водството, до крајот на првото полувреме домашните имаа уште неколку шанси за гол.

 Во вториот дел Лоренцо Инсиње со еден перфектен шут од далечина во 72. минута го запечати домашниот триумф. Гостите мечот го завршија со 10 на теренот, откако во финишот исклучен беше Рожерио.  

Најново во Меѓународен Фудбал