ЈА САКААТ ЛЕГЕНДАТА ВО СТРУЧНИОТ ТИМ

Анчелоти и Неста добитна комбинација за Италија

Откако Италија остана без селектор, во јавноста веќе излезе првото име кое ќе седне на местото на Џампјеро Вентура. Искусниот стратег Карлос Анчелоти засега е најсериозниот кандидат, а според најавите во стручниот штаб ќе ја има легендата на италијанскиот фудбал, Алесандро Неста. 

објавено: 18 ноември 2017 - 10:30

Откако Италија остана без селектор, во јавноста веќе излезе првото име кое ќе седне на местото на Џампјеро Вентура. Искусниот стратег Карлос Анчелоти засега е најсериозниот кандидат, а според најавите во стручниот штаб ќе ја има легендата на италијанскиот фудбал, Алесандро Неста.

Некогашниот дефанзивец на Лацио и Милан, по две годишната авантура како тренер во Мајами, одлучи да се врати во Италија. Причината е неговата желба да и помогне на италијанската репрезентација да се врати на врвот, откако не успеа да избори пласман на СП во Русија.

„По две години минати во Мајами, одлучив дека е вистинско време да се вратам во Италија. Сакам да им се заблагодарам на сите луѓе кои беа дел од оваа прекрасна авантура. Подготвен сум за новите предизвици во мојот живот“, изјави Неста. 

Најново во Меѓународен Фудбал