ТРЕНЕРОТ НА РЕАЛ МАДРИД ТВРДИ

Анчелоти: Лопез сам си заминa, ниe не го избркавме!

објавено: 19 август 2014 - 16:29

Тренерот на европскиот шампион Реал Мадрид, Карло Анчелоти изјави дека „кралскиот клуб“ не го избркал Диего Лопез, кој беше прв голман во Ла Лига, туку ветеранот сам избрал да си оди.

Лопез беше прва опцоја на Анчелоти за првенството, но не и за Купот и ЛШ и летово си замина во Милан, па јавноста имаше впечаток дека Анчелоти го избркал откако нашол замена во Костариканецот Кејлор Навас.

„Диего сам избра да си оди. Никој со сила не го избрка, ниту пак некој сакаше тој да направи таков потег. Диего сакаше нов предизвик“, рече Анчелоти.

Досегашниот голман на Реал Мадрид дебитираше за „росонерите“ во неделата против Валенсија и прими гол од 40 метри.

Најново во Меѓународен Фудбал