СИТЕ СЕ ПРОТИВ ЈУВЕНТУС

АНКЕТАТА ВЕЛИ: Наполи ќе биде шампионот на Италија!

Овој викенд би можел да донесе и нешто „поостра" слика во Серија А. Се играат мечеви во кои првите осум екипи на табелата играат во меѓусебни дуели. А посебно важни се оние во кои Лацио го дочекува Јувентус, а Наполи е домаќин на Рома.

објавено: 3 март 2018 - 18:30

икенд кој може да ја нацрта табелата во Калчото. Секако најмногу поради резултатите на двете водечки екипи, Наполии Јувентус околу титулата, и оние наредните римските, кои заедно со миланските бараат место во Лигата на Шампионите.


Ако Наполи ја победи Рома, а Јувентус киксира кај Лацио, тогаш наполитанците би можеле поприлично да се приближат до првиот шампионски наслов после оној освоен со големиот Диего Марадона и неговиот тим од 1990 година.
Исто така, ако Интер го победи Милан, во „Дербито Деламадонина", ќе им побегне на „росонерите" цели десет бодови, и значително ќе ги намали шансите на Џенаро Гатузо и неговиот тим да ја фатат Лигата на Шампионите.
Секако, по истекот на ова остануваат уште цели 11 кола, но ситуацијата би можела да биде многу појасна.
Пред викенд дерби дуелите „Газета дела спорт" спроведе и една анкета меѓу фудбалските фанови во Италија, со едно прашање, кого гледаат на крајот како првак во Серија А?


И интересно, сите освен навивачите на Јувентус (италијанците и навивачите на Наполи, Интер и на Милан), го гледаат Наполи како нов шампион.
Исто така, потполно логично, сите освен навивачите на Јувентус, го гледаат актуелниот првак на второто место.
Евидентно е дека на сите полека почна да им станува здодевно да ја гледаат „Старата дама" од Торино како шампион на Италија.
Што се однесува до патниците за Лигата на Шампионите, на третото место е „виден" Лацио, а на четвртото Рома, додека миланските тимови ќе мора да се задоволат со Лигата на Европа.
Така е ситуацијата кај навивачите на Наполи и на Јувентус, со тоа што „јувентините" мислат дека Рома ќе заврши пред својот голем и градски ривал.
Само навивачите на Интер мислат дека нивниот клуб ќе стигне до елитното натпреварување, заедно со Лацио, додека пак истото го мислат и „миланистите".

Најново во Меѓународен Фудбал