ДЕЗИРЕ КОРДЕРО Е ПОРАНЕШНА МИС НА ШПАНИЈА

Аргентинец доаѓа во Лацио со бившата на Кристијано Роналдо

Убавата Шпанка пред неколку години ја поврзуваа со новиот фудбалер на Јувентус, а сега е девојка на фудбалер кој истотака прејде во италијански клуб

објавено: 28 јули 2018 - 17:15

Хоакин Кореа е нов член на Лацио, а во римските „орли“ доаѓа од Севилја. „Бјанко-челестите“ потпишаа со овој фудбалер за врска роден 1994 година за сума од 16 милиони евра плус три милиони бонус. Она што го заинтригира „жолтиот печат“ во Италија, е што девојка на Кореа е убавата Дезире Кордеро, екс Мис на Шпанија и поранешна девојка на Кристијано Роналдо. 

Роналдо летово се пресели од Шпанија во Италија, а случајно или не, по истиот пат тргнува и неговата поранешна љубов, со која Португалецот флертуваше во 2016 година после раскинот со Русинката Ирина Шајк. Во 2. коло од Серија А, Лацио игра со Јувентус, Кореа ќе се сретне со Кристијано, а на трибините веројатно ќе се најде и Дезире. Ќе биде интересно!

 

Најново во Меѓународен Фудбал