Фаворитот едвај победи

Бака го спаси Милан од мака против Калјари (Видео)

Карлос Бака му донесе златни бодови на Милан во битката за врвот, а Колумбиецот беше прецизен во финишот на мечот против Калјари за победа од 1:0

објавено: 8 јануари 2017 - 20:12

Карлос Бака му донесе златни бодови на Милан во битката за врвот, а Колумбиецот беше прецизен во финишот на мечот против Калјари за победа од 1:0.

Гостите од Сардинија одлично се држеа, беа на прагот да освојат еден бод, но погрешија во последните моменти, а казната ја испорача колумбискиот репрезентативец Бака и погоди во 88. минута по итрата реакција на Лападула. Во пад Лападула му ја додаде топката на Бака, а овој лесно реализираше за 1:0 и три бода за Милан.


Carlos Bacca Goal - AC Milan vs Cagliari 1-0... by hqfootball2016

Најново во Меѓународен Фудбал