ШОК ВО ФИРЕНЦА

Бернардески побара трансфер, познат новиот клуб?

Од редовите на „виолетовите“ признаа дека Федерико Бернардески сака да си замине од клубот...

објавено: 4 јули 2017 - 18:45

Федерико Бербардески не се гледа себеси и понатаму како играч на Фиорентина.

А и од редовите на „виолетовите“ стигна некоја таква најава, дека еден од најбараните фгудбалери во Италија, сака да ја напушти Фиренца.

Тоа денеска го потврди и Панталео Корвино, претседателот на Фиорентина.

„Менаџерот на Бернардески рече дека овој фудбалер нема намера да го продолжи договорот со Фиорентина. Се поради тоа што има многу силна понуда од еден клуб на маса“ - призна Корвино.

Многу извесно е дека Јувентус е неговата следна дестинација во кариерата. И се верува дека „бјанконерите“ се подготвени да понудат сума од 40. милиони евра за него. А постои можност и во понудата да бидат вклучени некои други играчи на Јувентус, како на пример Стефано Стураро и Томас Ринкон.

Интер, Баерн и Челзи исто така се во игра за потписот на Бернардески, но многу веројатно е дека одличниот „везист“ ќе премине во редовите на шесткратниот (по ред), шампион на Италија. 

Најново во Меѓународен Фудбал