Реми во Бергамо

Без голови далеку е Лигата на шампионите за Интер

Интер се оддалечи од сонот да игра во Лигата на шампионите по ремито во Бергамо против Аталанта

објавено: 14 април 2018 - 22:49

Интер се оддалечи од сонот да игра во Лигата на шампионите по ремито во Бергамо против Аталанта. Популарните „нероаѕури“ не најдоа рецепт да постигнат гол против цврстиот домаќин и одиграа 0:0, резултат кој им ги намали шансите да играат во елитното клупско натпреварување на Стариот континент.

Со меч повеќе Интер на шест кола до крајот има 60 бодови, исто колку и главните конкуренти, Рома и Лацио. Две од овие три екипи веројатно ќе играат во Лигата на шампионите, заедно со лидерот Јувентус и второпласираниот Наполи.

Најново во Меѓународен Фудбал