ЗАИГРАА ЕМОЦИИТЕ КАЈ ЕКС ИГРАЧОТ НА ЈУВЕНТУС

БОНУЧИ ИСКРЕНО: Ќе ја загубев контролата по оној пенал во Мадрид

Актуелниот дефанивец на Милан, а до пред неколку месеци и на „Старата дама" ја коментираше елиминацијата на бившиот клуб од Лигата на Шампионите, и како многумина се солидиразираше со „црно-белите".

објавено: 17 април 2018 - 14:30

Актуелниот дефанивец на Милан, а до пред неколку месеци и на „Старата дама", Леонардо Бонучи, ја коментираше елиминацијата на бившиот клуб од Лигата на Шампионите, и како многумина се солидиразираше со „црно-белите".

Од 2010 до 2017 година Леонардо Бонучи беше еден од столбовите на одбраната на торински Јувентус. Сосема изненадувачки летоска беше неговиот премин во Милан.
Но сепак, елиминацијата на неговиот поранешен клуб во четвртфиналето од Лигата на шампионите, според многумина Италијани по контроверзно досудениот пенал за Реал од судијата Мајкл Оливер, не го остави рамнодушен ниту популарниот „Лео".

„Да, помислив, 'Фала Богу, што не сум таму кога е досуден пеналот'. Го мислам тоа затоа што тешко би ги задржал своите инстикти под контрола" - рече Бонучи.

Но не заборави да дополни уште некој ред за својот соиграч Џиџи Буфон.

„Џиџи е најголемиот голман во историјата на фудбалот"...

Најново во Меѓународен Фудбал