ШТО БЕШЕ КЛУЧНО ЗА ДЕФАНЗИВЕЦОТ ДА ДОЈДЕ КАЈ „РОСОНЕРИТЕ“

Бонучи ќе добива се што ќе посака во Милан

Седумгодишната верност во дресот на Јуветус ја замени за „црвено-црните“ бои на тимот од „Сан Сиро“ 

објавено: 14 јули 2017 - 20:45

Фудбалска Италија денеска е на нозе по трансферот на Леонардо Бонучи од Јувентус во Милан. Искусниот дефанзивец реши да ја раскине верноста со актуелниот првак и најде нов предизвик во тимот од „Сан Сиро“. Засега ова е најголемиот трансфер во Италија за ова лето. 

Трансферот на Бонучи е вреден 40 милиони евра. Дефанзивецот ќе заработува 6,5 милиони евра по сезона, а плус ќе добива се што ќе посака во Милан.  искусниот 30-годишен одбранбен играч веднаш ќе ја добие капитенската лента, а за него е загарантиран и дресот со бројот 19, негов омилен број. 

Фактот дека Бонучи доби финансиски одлична понуда, но и „слобода“ да си го добие тоа што ќе посака, беше доволно за реализација на трансферот. 

Најново во Меѓународен Фудбал