ИМА НАДЕЖ, НЕМА КОНЕЧНА ОДЛУКА

БУФОН: Додека имам мотивација...

Легендарниот голман на Јувентус Џанлуиџи Буфон најави дека би можел да ја продолжи кариерата и по завршувањето на сезоната затоа што сака да игра се додека "пати и има воља да се бори".

објавено: 13 март 2018 - 13:35

Легендарниот голман на Јувентус Џанлуиџи Буфон најави дека би можел да ја продолжи кариерата и по завршувањето на сезона затоа што сака да игра се додека "пати и има воља да се бори".

Неодамна италијанските медиуми ја пренесоа информацијата дека Џиџи Буфон пресекол, и дека кога ќе заврши оваа сезона ќе се пензионира.
Сепак, 40.годишниот голман и не е толку сигурен

„Мотивацијата е се. Додека сакам да патам, да се борам, ќе продолжам. Со оглед на страста која ме движеше во првите години, навикнав себеси секогаш да си поставувам предизвици. Да се борам за некоја поголема цел. Ќе видам со клубот дали можам да продолжам или не. Без оглед на тоа што ќе се случи до крајот, секогаш ќе бидам благодарен на кариерата која ја имав и на она што им го дадов на Јувентус, Парма, репрезентацијата и фудбалот "- вели Буфон.

Во ноември одлучи дека повеќе нема да игра за репрезентацијата на Италија која не успеа да се квалификува за Светското првенство.
Оваа сезона Буфон може да ја освои тројната круна со Јувентус, а најзначајниот трофеј би му бил оној во Лигата на шампионите, единствениот кој му недостасува во богатата кариера

Најново во Меѓународен Фудбал