ПОСЛЕ 17 ЗАЕДНИЧКИ ГОДИНИ

Буфон ќе се раздели со „Старата дама“

Уште еден натпревар на голот на Јувентус, и толку...Тука некаде ќе биде  крајот на приказната помеѓу Џанлуиџи Буфон и Јувентус.

објавено: 17 мај 2018 - 20:00

Уште еден натпревар на голот на Јувентус, и толку...

Тука некаде ќе биде крајот на приказната помеѓу Џанлуиџи Буфон и Јувентус.

После 17 години, можеби и најдобриот голман кој го имала Европа во изминатите две децении, ќе се раздели од „Старата дама“ од Торино. 

Дуелот со Верона ќе биде последниот за легендарниот Џиџи на голот на Јуве.

„Ќе биде тоа најдобриот начин за да се заврши оваа фантастична авантура. Стравував дека ќе ја заврѓам кариерата во Јувентус на лош нашин. Но горд сум на она што го работам во својата 40.година од животот. Успеав да останам на нивото кое е достојно на моето и на името на Јувентус. 

Благодарен сум им на сите во Јувентус. Таа 2001 година потпишаа договор со талентирано момче и ми помогнаа да отидам чекор напред. Ова беше сезона со неколку шокантни резултати, но и неверојатни постигнувања.

Не знам дали ова значи дека ќе се пензионирам. Добив неколку интересни понуди и за теренот, но и за надвор од него. Најважната понуда е да се вратам во Парма, Но засега тоа е само едне романтичен детски сон...“- порача Џиџи на прошталниот прес, пред да го подигне и седмиот по ред шампионски пехар за Јуве, 

Најново во Меѓународен Фудбал