ЛЕГЕНДАТА НА ИТАЛИЈА „ЖИВЕЕ"

БУФОН: Се враќам поради Астори, и да го обединам тимот!

Иако ги брои деновите до пензија, Џанлуиџи Буфон сеуште не кажа(л) „збогум"...

објавено: 19 март 2018 - 13:53

Легендарниот голман на Јувентус сака да остави трага во националниот тим, за последен пат, прифати да биде дел од избраниците на селекторот Луиџи Ди Бјаџо за мечевите против Англија и Аргентина.

После „солзите против Шведска", на многумина им беше јасно дека Џанлуиџи Буфон веќе нема да игра фудбал за „аѕурите".
Сепaк, легендарниот голман ќе биде покрај националниот тим на Италија.

„Јас сум личност која држи до себе и со големо чувство на одговорност. Тоа е веќе доволно повторно да бидам присутен во репрезентацијата. Исто така, секогаш бев елемент кој обединува во националниот тим, и моето присуство се гледа токму во едно такво светло. Некои млади момци растат, некои веќе стигнаа да ја водат екипата, и сите тие ќе добијат шанса" - вели голманот на Италија и на Јувентус

Не заборава уште една работа, зошто уште еднаш е со „аѕурите".

„Давиде Астори е уште една причина зошто сум овде и зошто ја прифатив поканата".

Во петок навечер, Италијанците играат против Аргентина (во Манчестер), додека пак во вторник ќе ги одмерат силите со селекцијата на Англија.

Најново во Меѓународен Фудбал