Имаа само еден домашен играч во првиот состав

Да не беше Пароло, Лацио ќе беше странската легија на Рим

Италијанскиот репрезентативец Марко Пароло беше единствениот домашен играч во стартниот состав на Лацио во четвртфиналниот куп дуел со Фиорентина и успеа да го одведе својот тим во завршницата, по победата од 1:0

објавено: 27 декември 2017 - 08:32

Италијанскиот репрезентативец Марко Пароло беше единствениот домашен играч во стартниот состав на Лацио во четвртфиналниот куп дуел со Фиорентина и успеа да го одведе својот тим во завршницата, по победата од 1:0.

Ретко се случува во Италија да има само еден домашен играч во стартната постава на еден од тимовите, а тоа беше случај вчеравечер во Рим. Сепак изборот на Симоне Инзаги се покажа како добар па римската легија составена грото од странци ја елиминира Фиорентина со голот на босанскиот репрезентативец и е прв полуфиналист во Купот на Италија.

Лулиќ, кој ја носеше и капитенската лента погоди во шестата минута, а тој гол го одлучи и победникот.

Денеска во едно од двете градски дербија од четвртфиналето ќе играат Милан и Интер, на трети јануари е пресметката меѓу Јувентус и Торино, а ден претходно ќе играат Наполи и Аталанта.

Најново во Меѓународен Фудбал