НЕКОГАШНИОТ ГОЛГЕТЕР ГО ПОСОЧИ ГЛАВНИОТ ПРОБЛЕМ

Дел Пјеро: Калчополи беше како атомска бомба за Серија А

Италијанскиот фудбал е во голема криза, а кулминацијата е неуспехот за пласман на Светското првенство во Русија

објавено: 24 ноември 2017 - 21:38

Италијанскиот фудбал е во криза веќе подолго време, а кулминацијата дојде по неуспехот на репрезентацијата да се пласира на завршницата на Светското првенство во Русија. Многумина ги бараат причините за овој неуспех.

Некогашниот италијански репрезентативец Алесандро дел Пјеро, вели дека проблемот започнал откако се случил скандалот со наместените мечеви, таканаречениот „Калчополи“. Во 2006 година беше откриено дека најголемите италијански екипи учествувале во местење на мечеви, па потади тоа беа казнети Јувентус, Милан, Лацио, Фиорентина и Реџина.

„Калчополи беше како атомска бомба за италијанскиот фудбал. Едноставно го уништи. Фудбалот во Италија тогаш колабираше. Не мислам само на Јувентус. Сетете се колку само големи играчи си заминаа од Серија А. Канаваро, Турам, Ибрахимовиќ... Многумина решија да заминат во други првенства. Избегаа и многу странски инвеститори кои воопшто не ни сакаа да слушнат за Италија и заминаа во Англија“, вели Дел Пјеро, кој беше еден од најдобрите голгетери во Италија во неговото време. 

Најново во Меѓународен Фудбал