ЖЕЛБИТЕ СЕ ЈАСНИ, НО ШТО ЌЕ КАЖАТ МЕНАЏЕРИТЕ

ДОНАРУМА: Сакам да останам во Милан

Младиот голман на „црвено-црните" истакнува намера и понатаму да биде дел од тимот

објавено: 12 јуни 2017 - 16:50

Со недели траат шпекулациите за судбината на еден од најталентираните голмани во европскиот фудбал,Џанлуиџи Донарума. Некои од медиумите во Италија веќе наведоа дека пред него бил поставен своевиден ултиматум од страна на раководството на Милан, тимот за кој настапува во овој момент. И дека доколку не го потпише предложениот договор, нема да биде во екипата за следната натпреварувачка сезона.

Барем досега, одговор од Донарума немаше. Но само до овој викенд, кога упорните новинари му извадија неколку „зборови од уста"...

„Сите знаат дека мојата желба е да останам во Милан. Барам куќа во градот каде ќе живеам со моето семејство. Смирен сум, и врзан за клупските бои" - рече осумнaесетгодишниот голман на „црвено-црните".

Претходните информации кои беа лиферувани во јавноста велеа дека за услугите на Донарума се заинтересирани неколку европски гиганти како Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид, па сега и дефинитивно Милан сака да се „заштити" со висока отштетна клаузула.

Најново во Меѓународен Фудбал