Елиминација во 1/16-финалето на Купо

Џенова и Пандев испаднаа од третолигаш (ВИДЕО)

Џеновјаните по 120 минути не успеаја да ја совладаат Виртус Ентела (3:3), а на пенали двапати промашија во седумте пенал-серии. Пандев не доби шанса да изведе пенал.

објавено: 6 декември 2018 - 20:57

Џенова на нашиот најдобар фудбалер Горан Пандев не успеа да се пласира во осминафиналето на Купот на Италија, откако сензационално е елиминирана од екипата на Виртус Ентела, актуелен член на италијанската Серија Ц. Третолигашот успеа да се протне во групата од 16 тима кои одат во следната фаза, победувајќи ја Џенова на пенали и тоа на гостински терен.

Во регуларниот дел мечот заврши нерешено 2:2, а победник немаше ниту по дополнителните 30 минути иако навивачите видоа уште два гола. По конечните 3:3 по 120 минути игра, се пристапи кон изведување на пенали, а гостите излегоа подобри пеналџии.

За Џенова, Пандев не доби шанса да бие од белата точка, а влез ево игра од клупата во вториот дел. Во негово отсуство од листата на изведувачи на пеналите, Лападула го промаши одличувачкиот пенал во 7-та серија.  

Најново во Меѓународен Фудбал