БЕШЕ И ОСТАНУВА – ФУДБАЛСКИ ШМЕКЕР

Еден е Џиџи Буфон (ВИДЕО)

Одамна е познато дека голманот на Јувентус, Џанлуиџи Буфон е вистински џентлмен, како на теренот, така и надвор од него, а тоа повторно го покажа и во недела навечер, по завршувањето на големото дерби во Торино.

објавено: 23 април 2018 - 17:05

Одамна е познато дека голманот на Јувентус, Џанлуиџи Буфон е вистински џентлмен, како на теренот, така и надвор од него, а тоа повторно го покажа и во недела навечер, по завршувањето на големото дерби во Торино.

„Старата дама" е поразена од Наполи со (1:0), со што одлуката за титулата е одложена.
До големиот триумф наполитанците дојдоа буквално во последната минута од мечот на „Алијанс" стадионот, и додека сите фудбалери на Јувентус веднаш после последниот свиреж се упатија директно во соблекувалната, Буфон остана на теренот.

За да се поздрави со секој играч на Наполи, и да му честита на големиот триумф, со што уште еднаш ја покажа својата класа.
До крајот на сезоната во Серија А остануваат уште само четири кола, а Јувентус сега има само бод предност во однос на Наполи.
Но бранителот на титулата се чини дека има потежок распоред ако се знае дека треба да им гостува на Интер и на Рома, додека дома игра со Болоња и Верона.
Следни ривали на тимот од Неапол пак се: Фиорентина, Торино, Сампдорија и Кротоне. 

Најново во Меѓународен Фудбал