НА ПРОСЛАВАТА НА ИНТЕР, РОНАЛДО КАЖА ШТО МУ БИЛО НАЈТЕШКО

„ФЕНОМЕНОТ" НЕ ЗАБОРАВА: Би сакал да го вратам времето и да го одиграме уште еднаш тој меч со Лацио

Кој во разговорот со новинарите присутни на прославата се присети на еден од најтешките моменти во кариерата, и еден од најболните порази на Интер во неговата историја... Оној одигран на 5. мај, 2002 година, во Рим, против Лацио...

објавено: 10 март 2018 - 13:50

Ако некој играч заслужува да добие прекар „Феномен",тогаш тоа е сигурно Роналдо Луис Назарио де Лима, еден од најголемите напаѓачи кои сме ги гледале некогаш.

За многумина и најдобар на светот на сите времиња, секако не само според бројот на освоените трофеи, туку многу повеќе на начино на кој ги реализираше погодоците, дриблинзите, тркот, уживањето во играта.
Овие денови еден од клубовите каде мина дел од кариерата, Интер, слави 110 години од постоењето, а дел од роденденската прослава беше и тој „Ил Феномено". Кој во разговорот со новинарите присутни на прославата се присети на еден од најтешките моменти во кариерата, и еден од најболните порази на Интер во неговата историја.

Оној одигран на 5. мај, 2002 година, во Рим, против Лацио...
Оној на кој Интер требаше даја завери титулата. Да го добие осигурениот Лацио, или пак Јувентус да не помине во Удине.

„Кога би можел да го вратам времето, би сакал повторно да го одиграме оној натпревар кој го игравме на 5.мај 2002 година, кога за сите нас се некако тргна во обратна насока. За жал, тогаш загубивме, и останавме без титулата"- се присети Бразилецот за дуелот со Лацио и поразот од (2:4), кој го дочека на клупата за резервни играчи на „Олимпико".

Не остана само на тоа еден од најдобрите фудбалери на светот на сите времиња. Се врати на сегашниот Интер.

„Чест ми е што ме сметаат за најдобриот напаѓач во историјата на Интер, со оглед на тоа колку големи играчи настапувале овде. Во Интер стигнав како момче, и тука созреав како човек"- рече Роналдо. „Новисте сопственици? За навивачите тоа не е важно. Нив им треба само Интер да победува, па се надевам дека и со новите сопственици клубот повторно ќе биде оној стариот, оној што освојува титули"- посака Роналдо „вистинскиот".

Најново во Меѓународен Фудбал