ИСКУСНИОТ ГОЛМАН СЕ ПРОСТИ ОД СВОЈОТ ПРИЈАТЕЛ

Фудбалскиот свет плачеше двапати: Кога почина Астори и читајќи ја пораката на Буфон

Давиде Астори, капитенот на Фиорентина и репрезентативец на Италија, пред два месеци го прослави 31. роденден, последен во неговиот живот. Неговата ќерка нема да го прослави својот третти роденден со својот татко.

објавено: 5 март 2018 - 10:00

Давиде Астори, капитенот на Фиорентина и репрезентативец на Италија, пред два месеци го прослави 31. роденден, последен во неговиот живот. Неговата ќерка нема да го прослави својот третти роденден со својот татко.

Откако во саботата вечер до 23 часот играл „Playsatiotn", Астои починал во сон од срцев удар, во Удине каде во неделата требаше да го предводи својот тим на дуелот со Удинезе во рамките на 27. коло во Серија А.

Астори бил познат по тоа што на сите гостувања, подготовки и карантини, прв се будел и одел на доручек. Токму неговото отсуство на утринскиот оброк бил сомнителен. Соиграчите најпрво го побарале на телефон, а откако не се огласил ниту на тропањето на неговата врата, играчите на Фиорентина го нашле својот капитен мртов во неговиот кревет.

Веста за смртта на Астори брзо се прошири во Италија и ја расплака целата земја, а потоа и целиот фудбалски свет. На барање на играчите и клубовите, целото коло беше одложено.

Социјалните мрежи беа преплавени со пораки од фудбалери и клубови до семејството на Астори. Посебна беше пораката на искусниот голман на Јувентус и Италија, Џиџи Буфон, кој го расплака светот:

„Почитуван Астори,
Речиси никогаш јавно не го споделувам моето мислење за личностите кои ги познавам, бидејќи секогаш чувствував дека убавината и единственоста на меѓучовечките односи, взаемната доверба и приврзаноста не треба јавно да се експлоатираат и фрлаат пред оние кои не знаат да ги почитуваат специфичните односи.
Во твојот случај, чувствувам потреба да направам исклучок од моите правила, бидејќи имаш една млада жена и членови на семејството кои страдаат, особено твоето мало девојче, кое заслужува да знае дека нејзиниот татко во секој поглед е совршена личност ... одлична и совршена личност ... Ти беше најдобриот претставник на старомодниот свет кој исчезна, во кој главните вредности беа алтруизмот, стилот, образованието и почитувањето на другите.
Почивај во мир.
Твојот луд Џиџи", пиша Буфон.

Најново во Меѓународен Фудбал