нема шега со џенаро

Гатузо до Донарума: Ќе те уништам ако не ме слушаш што зборам

Тренерот на Милан збесна по една реакција на голманот, на дуелот против Болоња

објавено: 12 декември 2017 - 15:30

Џенаро Гатузо уште еднаш го потврди својот импулсивен темперамент, а тоа на своја кожа најдобро го почувствува голманот на Милан, Џанлуиџи Донарума. На дуелот против Болоња, „росонерите“ славеа со 2:1, но Гатузо беше нервозен во текот на сите 90 минути. 

При резултат 1:1, тренерот на Милан му замери на Донарума дека премногу чекал за да ја врати топката во игра, па започна да се дере по младиот голман. 

„Ќе те уништам ако не го правиш тоа што ти го кажувам“, се дереше Гатузо. 

Донарума го споредуваат со легендарниот Џиџи Буфон и се најавува дека ќе биде негов наследник. тинејџерот најави дека во скоро време сака да си замине од Милан, а оваа лоша епизода со Гатузо сигурно ќе му даде дополнителен мотив за да си замине од „Сан Сиро“.

Најново во Меѓународен Фудбал