Италијанските медиуми најавуваат

Газидис ќе го донесе Обамејанг во Милан?

Доаѓањето на првиот оперативец на Арсенал во Милан значи и најава за неколку нови, големи трансфери кои навивачите на „росонерите“ ги очекуваат со неговото пристапување на функцијата.

објавено: 22 септември 2018 - 19:15

По доаѓањето на Иван Газидис во раководните структури на екипата на Милан, негова прва голема задача ќе биде да го донесе габонскиот репрезентативец Пјер-Емерик Обамејанг на „Сан Сиро". Оваа вест денеска се појави во дел од италијанските медуми кои први го најавија доаѓањето на досегашниот директор на Арсенал во редовите на „росонерите".

Имено, Газидис и официјално заминува на оперативното место кај „росонерите" на 1 декември, а обврските во Арсенал ќе му завршат на 31 октомври. Тоа значи дека со почетокот на зимскиот преоден рок, новиот оперативец во Милано ќе треба да се зафати со мисија да го обезбеди трансферот на напаѓачот на Арсенал.

Интересно е што Италијанците прогнозираат дека Габонецот не е единствениот кој има одлични релации со Газидис, па во Милан би можеле да бидат ангажирани и неколку други имиња. Меѓу нив се споменува и она на Ерменецот Мхитарјан.

Најново во Меѓународен Фудбал