ВО ТОРИНО ДОАЃА ОД ВТОРОЛИГАШОТ АСКОЛИ

Гром од ведро небо: Јувентус има нов напаѓач (Фото)

Иако вакво нешто не се очекуваше, италијанскиот шампион доведе уште едно засилување.

објавено: 15 јуни 2018 - 20:45

Иако се шпекулираа позвучни имиња како Емре Џан и Матије Перин, италијанскиот шампион објави нов „ненајавен" трансфер.

Се работи за младиот напаѓач Андреа Фавили кој во Торино пристигна од второлигашот Асколи. Во Серија Б запиша 12 настапи, реализираше пет голови и една асистенција.

Веќе има претходно настапувано за Јувентус, но во младинските категории. Клубот и официјално потврди дека трансферот тежи околу 7.5 милиони евра.

Најново во Меѓународен Фудбал