Не може да го гледа повеќе...

ХЕТ-ТРИК НА МАНЏО: Уште еднаш му донесе отказ на Миха (ВИДЕО)

На српскиот тренер му „се темни" кога пред себе го гледа напаѓачот на Јувентус и на хрватската репрезентација. Има и зошто...

објавено: 5 јануари 2018 - 15:30

Пред некоја вечер Јувентус го победи Торино во градското дерби (со 2:0), кое беше дел од четвртфиналето на Купот на Италија. Погодија Даглас Коста и Марио Манџукиќ, два гола кои подоцна се покажаа и како кобни за судбината на тренерот на „биковите" Синиша Михајловиќ
Само час подоцна по завршувањето на дуелот на Арената на Јувентус, Србинот доби отказ од раководството на клубот, и остана без работа.

А ова му е трет пат во кариерата како завршува на берзата на работа, после голови кои ги реализира високиот Хрват.
Првиот пат популарниот Манџо го направи пред четири години во квалификациите за Светското првенство во Бразил. Манџукиќ беше стрелец на единствениот гол за Хрватска против Србија.
После тој пораз, Михајловиќ веќе не беше селектор на „орлите".
Истото му се случи и три години подоцна, кога Миха седеше на клупата на Милан. „Старата дама" од Торино дојде на „Сан Сиро" со Манџукиќ во шпицот на нападот. Иако домаќинот поведе, хрватскиот центарфор беше творец на пресвртот.
Милан загуби, а срскиот стратег уште еднаш доби „педала".
Хет-трикот на смените на Михајлович, Манџукиќ го реализира пред неколку дена, кога во 67. минута од играта погоди за недостижни (2:0), пласман на Јувентус во полуфиналето на Копа Италија.
За Михајловиќ пак крај на престојот во Торино. 

Најново во Меѓународен Фудбал