Серијал во Италија

И Наполи зариба без голови со Фиорентина, Интер е лидер во Серија А

Серијалот без голови на најважните мечеви во 16. коло во Серија А го продолжи и Наполи, а притисокот на фаворитот го издржа Фиорентина и си освои важен бод

објавено: 10 декември 2017 - 16:57

Серијалот без голови на најважните мечеви во 16. коло во Серија А го продолжи и Наполи, а притисокот на фаворитот го издржа Фиорентина и си освои важен бод.

По ремито без погодоци во дербито на Италија меѓу Јувентус и Интер, скромно продолжи Рома со нерешен резултат и повторно без ниту еден гол против Киево, а за да биде комплетно се погрижи Наполи.

Ударот по испаѓањето од Лигата на шампионите очигледно беше голем за наполитанците, кои и попладнево потфрлија. Фиорентина одигра одлично и го задржа лидерот пред почетокот на оваа рунда. Сега Наполи со 39 бодови е втор зад Интер со 40, а зад нив е шампионот Јувентус со 38 бодови. Амбиции за титулата имаат и римските калчолигаши, Рома со 35 и лацио со 32 бода.

Резултати: Киево - Рома 0:0, Наполи - Фиорентина 0:0, Спал - Верона 2:2, Удинезе - Беневенто 2:0.

Најново во Меѓународен Фудбал