Големото градско дерби за Интер

Икарди во продолжението за радост на „нероазурите“ (ВИДЕО)

Со гол во 92. минута, Икарди го реши големото градско дерби на „Џузепе Меаца“. 

објавено: 21 октомври 2018 - 22:33

Иако бевме на прагот и третпат едноподруго да гледаме миланско дерби без голови, за тоа да не се повтори се погрижи најголемата ѕвезда на Интер во моментов, Икарди, кој со гол во втората минутаод судиското надополнување им донесе три бода на „нероаѕурите“.

Во тврд меч во кој Интер имаше повеќе и од играта и од шансите, на гол се чекаше практично до крајот на дуелот. Во првото полувреме и двата тима успеаја по еднаш да ја погодат мрежата на Донарума и Хандановиќ, но и во двата наврати тоа беше од недозволена позиција (офсајд). Интер имаше мала доминација, но и посериозни шанси за гол, кои најчесто Икарди не успеа да ги претвори во водство.

Сепак, завршницата им припадна на упорните домаќини и за радост на „сино-црните“ фанови на „Џузепе Меаца“, Аргентинецот погоди во последните две минути од средбата за шеста овосезонска победа на Интер која го носи на третото место на табелата, веднаш зад Јувентус и Наполи. За Милан ова беше втор сезонски пораз по кој останува во долниот дел од табелата на 12. место.

Најново во Меѓународен Фудбал