Раздвижено е особено во Италија

Иличиќ ја засили Аталанта

Јосип Иличиќ е нов играч на Аталанта, а договорот е важечки во следните три сезони и тежи 5,5 милиони евра

објавено: 5 јули 2017 - 11:24

Јосип Иличиќ е нов играч на Аталанта, а договорот е важечки во следните три сезони и тежи 5,5 милиони евра. Репрезентативецот на Словенија досега настапуваше за Фиорентина, а беше речиси сигурен нов фудбалер на Сампдорија, но се случи пресврт и потпиша за клубот од Бергамо.

Тој има 29 години и остави одличен впечаток во претходните 4 сезони во Фиорентина, па сега само ја продолжува низата настапи во Италија. Претходно беше член и на Палермо.

Најново во Меѓународен Фудбал