Играат одлично сезонава

Интер со десетка го прескокна шампионот Јувентус

Интер продолжи со одличните игри сезонава и со десеттата победа, вечерва против Атланта се проби на второто место на табелата пред шампионот Јувентус и зад лидерот Наполи

 

објавено: 19 ноември 2017 - 22:42

Интер продолжи со одличните игри сезонава и со десеттата победа, вечерва против Атланта, се проби на второто место на табелата пред шампионот Јувентус и зад лидерот Наполи.

Мауро Икарди со два гола во второто полувреме ги израдува навивачите на „Џузепе Меаца“ и му донесе победа на Интер од 2:0.

За многу симболика, бидејќи сега и Интер и Икарди се на второто место, клубот на табелата во Серија А со 33 бода, а Икарди на листата на стрелците со 13 погодоци. Пред нив се само Наполи со 35 бодови и Чиро Имобиле со 15 голови.

Најново во Меѓународен Фудбал