Ни Манчини не ги препороди

Италијанците не победија ни на пријателска

Италија не успеа да победи на пријателскиот меч во Џенова. Избраниците на Манчини против Украина одиграа само 1:1.

објавено: 10 октомври 2018 - 22:47

По ремито со Полска и поразот од Португалија во минатомесечните дуели од Лигата на нации, репрезентацијата на Италија не успеа да победи ниту на пријателски меч. Денеска избраниците на новиот селекторот Роберто Манчини во Џенова одиграа тест-дуел со селекцијата на Украина и го завршија со резултат 1:1.

По нерешените 0:0 во првиот дел, „азурите“ успеаја да дојдат во водство со голот на Бернардески во 55. минута, но Украина успеа брзо да се врати во егал, откако Малиновски ја погоди мрежата на Донарума во 62. минута на средбата.

Пред Италија и Манчини сега на ред е неделниот предизвик наречен Полска и тоа на гости во 3. коло од Лигата на нации. Ако и на овој меч не успее да победи, Манчини веќе сериозно ќе го наруши својот комодитет на кормилото на италијанскиот тим.

Најново во Меѓународен Фудбал