Манчини како DJ

Италијанците тренираат со „Queen“ и „The Rolling Stones“

Новиот предводник на италијанската репрезентација бара нови методи за да ја врати позитивната атмосфера во националниот тим по пропуштеното СП во Русија.

објавено: 4 септември 2018 - 23:00

Во обид да најде нов начин да ја подобри атмосферата во репрезентацијата на Италија и да ја крене самодовербата на фудбалерите, новиот селектор на „азурите", Роберто Манчини, почна да пушта музика на тренинзите.

За првпат на тренинг сесиите на италијанскиот национален тим музика се слуша од звучник прикачен на мобилен телефон.

„Тоа е нова работа. Тука сум три години, но досега музика слушавме само во соблекувалната", изјавил вториот голман на италијанскиот тим, Џанлуиџи Донарума. „Вчера, трениравме малку со музика и ми се чинеше чудно, па го прашав тренерот на голманите. Тој ми објасни дека Манчини сака да работи вака, бидејќи дава дополнителен ентузијазам", додал Донарума.

Во плеј-листата која Манчини ја подготвил за тренинзите на репрезентацијата има хитови од Queen, Miley Cyrus, The Rolling Stones и The Killers.

Најново во Меѓународен Фудбал