ПРЕЦИОЗИ ОДИ БЕЗ РИЗИК КОГА МЕНУВА ТРЕНЕРИ

Јуриќ повторно ќе го тренира Пандев

Почна тренерската вртешешка во Италија... Се чини дека клубовите чекаа да дојде новата пауза во Серија А за да направат, пред се, некои тренерски промени.

објавено: 9 октомври 2018 - 16:10

А први на удар се најдоа тренерите на два клуба, Џенова, на нашиот Горан Пандев, и на Киево.
Сопственикот на тимот од Џенова, Енрико Прециози одлучи да го смени Давиде Балардини. Би се рекло ништо чудно ако се знае дека ова е трета негова промена во последните осум години.
А во својот трет мандат, Балардини помина нешто помалку од една година, а ќе го наследи човекот кој го замени минатиот ноември.

На клупата на џеновјаните се враќа уште една добро позната фаца, Иван Јуриќ, кому ова, интересно, исто така ќе му биде трет мандат на клупата на клубот од „Мараси".
И тоа трет, ама во многу пократок период – само две години.
Првиот пат Јуриќ издржа само осум месеци, вториот пак дури еден месец помалку – седум.
Значи кога Прециози нема некоја подобра идекја, и не знае што работи, тогаш ротира-Балардини-Јуриќ-Балардини...
Промена на тренерската позицјја има и кај "лтешките магариња". Во Верона повеќе не живее Лоренцо Дана, а на неговото место доаѓа можеби и најнепопуларниот тренер на „чизмата" во последно време, Џанпјеро Вентура.

Најново во Меѓународен Фудбал