„ЦРНО-БЕЛИТЕ"СЕУШТЕ БАРААТ „ВЕЗИСТ"

Јуве во нова акција по Џан, со понуда од 25 милиони евра!

„Старата дама" е заинтересирана за играчот на Ливерпул, но не е спремен да понуди доволно висока сума за услугите на Емре Џан...

објавено: 9 август 2017 - 17:05

Не е никаква тајна дека стручниот штаб на Јувентус предводен од тренерот Масимилијано Алегри сеуште е во потрага по играч за врска. Но и дека засега на „црно-белите" не им успева да дојдат до некоја посебно таргетирана цел.

„Газета дело Спорт" потврди дека „црно-белите" полека се откажуваат од Матуиди (ПСЖ) и Нзонзи (Севиља), а во корист на Емре Џан од Ливерпул.


Ден подоцна, еден друг италијански весник, „Кориере дело Спорт" најавува дека првакот на Италија влегува во официјални преговори со „црвените" од Ливерпул.
Истиот извор тврди дека Јувентус излегол со понуда вредна 25.милиони евра, или пет помалку од онаа што ја бара составот од Ливерпул.
Џан има 23 години, но договорот со „Ред" му истекнува наредната година. Во Ливерпул дојде во 2014 година, а претходно играше за Баерн и Баер Леверкузен.

 

Најново во Меѓународен Фудбал