МЕНАЏМЕНТОТ НА „ЦРНО-БЕЛИТЕ" СО БРЗА РЕАКЦИЈА

Јувентус го добива Бернардески

Формулата гласи „Стефано Стураро плус 40. милиони плус бонуси"...

објавено: 15 јули 2017 - 21:10

Навивачите на Јувентус и понатаму не можат да се помират со фактот дека останаа без столбот на одбраната и веројатно најдобриот стопер на денешницата – Леонардо Бонучи.
И додека голем број на приврзаници на црно-белата боја тагуваат за таа голема загуба, Бепе Марота спрема лек кој треба да ја намали болката на навивачите на „старата дама".
Се вика Федерико Бернардески!


Иако сеуште е неофицијално, во Италија е најавено дека работата е практично завршена, и дека официјалната објава ќе биде на почетокот на следната седмица.
И покрај повеќедецениската нетрпеливост на релација Торино-Фиренца, Фиорентина се согласи да му го продаде својот најдобар играч. И тоа по следната формула:
„Стефано Стураро, плус 40.000.000 евра, плус бонуси".
Фиорентина долго време бараше 50.милиони, но се чини дека Марота пронајде модел со кој ќе дојде до уште едно големо засилување.
Заедно со бонусите, трансферот би требало да изнесува 45.000.000 евра во кеш.
Со Бернардески во тимот, Јуве ќе комплетира пеколна офанзивна линија во која зад неприкосновените Дибала и Игуаин ќе се најдат Даглас Коста (лево), и Бернардески (десно), што ќе го натера тренерот Масимилијано Алегри да ја смени формацијата во „4-4-2", или пак во систем „4-2-3-1" во кој двете најголеми засилувања би биле во улога на стартери, и заедно со Дибала да креираат шанси за „Пипита".

 

Најново во Меѓународен Фудбал