ШАМПИОНОТ ГО ВОЗВРАЌА УДАРОТ НА МИЛАН

Јувентус плаќа 12 милиони евра за Де Шилјо

Дефанзивецот денеска треба да ги помине лекарските прегледи 

објавено: 19 јули 2017 - 14:01

Јувентус реши да му врати на Милан, кога се работи за купување на играчи. Откако „росонерите“ платија 40 милиони евра, за да го добијат леонардо Бонучи од Торино, сега дојде редот „старата дама“ да пазари во Милано.

Во редовите на актуелниот италијански првак доаѓа дефанзивецот Матија де Шилјо. Постигнат е договор, кој треба да биде потпишан откако италијанскиот репрезентативец ќе ги помине лекарските прегледи. Се работи за трансфер вреден 12 милиони евра. 

Де Шилјо во претходните шест сезони го носеше дресот на гигантот од „Сан Сиро“. Сега тој треба да биде замена за Даниел Алвес на крилната дефанзивна позиција. 

Најново во Меѓународен Фудбал