„СТАРАТА ДАМА“ ВО ОФАНЗИВА

Јувентус се договори со Коста

Се чека реакција на Баерн Минхен, кој треба да даде „зелено светло“ за евентуален трансфер 

објавено: 14 јуни 2017 - 17:30

Бразилецот Даглас Коста е на пат да го облече дресот на Јувентус, во следната сезона. Играчот за врска ги има договорено личните услови со најтрофејниот италијански клуб. Сепак за реализација на овој трансфер потребна е и дозвола од Баерн Минхен, кој има договор со Бразилецот.

Во сезоната која измина, Коста одигра 34 меча за Баерн, во кои даде седум голови, а имаше и девет асистенции. Со Баерн ја освои титулата во Бундеслигата. Од баварскиот гигант најавија дека за раскин на договорот на Коста ќе бараат 50 милиони евра. Јувентус е подготвен да даде не повеќе од 35 милиони евра. 

Коста дојде на „Алијанц Арена“ пред две сезони од тимот на Шахтјор Донецк, за сума од 30 милиони евра. 

Најново во Меѓународен Фудбал