ТОРИНО ДОБИВА НОВ МИЛЕНИК

Јувентус со ново изненадување?

Им тргна со убавите вести. Италијанскиот тим најавува нов голем проект.

објавено: 21 јули 2018 - 20:30

„Црно-белото“ семејство од Торино ќе се засили со кошаркарски клуб, најави Јувентус на својата официјална „Твитер“ страница.

„Наскоро доаѓа 25. јули. За оние кои сакаат да уживаат во нови предизвици. Да одат преку граници. Да го изразат својот потенцијал“, напиша Јувентус на својот „Твитер“ профил споделувајќи кошаркарски дрес со грбот на овој тим.

Торино долго време нема врвен кошаркарски клуб и се споменува создавање на респектабилен тим, што пак е најава дека фановите на „Старата дама“ во иднина може да уживат и во евролигашки мечеви.

Најново во Меѓународен Фудбал