Лошо за Јувентус

Казна за Буфон и во Италија

Контроверзните последни моменти на реванш дуелот со Реал Мадрид во Лигата на шампионите и особено изјавите по мечот, можат да го чинат Џиџи Буфон казна и во Италија

објавено: 13 април 2018 - 15:15

Контроверзните последни моменти на реванш дуелот со Реал Мадрид во Лигата на шампионите и особено изјавите по мечот, можат да го чинат Џиџи Буфон казна и во Италија, објави „Газета“.

Буфон реагираше бурно по досудениот пенал во последните моменти, доби црвен картон, а за италијанската федерација спорни се неговите изјави и однесување по мечот. Оценети се како непримерни, па се најавува казна од еден, или два меча за легендарниот голман. И тоа на неговото простување од фудбалот и пред пријателските дуели со Франција и Холандија во јуни, на кои Буфон треба да се прости од репрезентацијата. 

Најново во Меѓународен Фудбал