КОЛКУ Е ФИНАНСИСКАТА МОЌ НА НОВИТЕ ГАЗДИ

Кинезите имаат пари да го купат Роналдо

„Нераѕурите“ во летниот преоден рок ќе се обиде да купи неколку екста засилувања

објавено: 19 мај 2017 - 09:18

Новите кинески сопственици на Интер, имаат финансиска моќ да го купат дури и Кристијано Роналдо од Реал Мадрид. Тоа го тврди спортскиот директор на клубот, Пиеро Аусилио.

И покрај многуте пари кои ги имаат, Роналдо нема шанси да дојде на „Џузепе Меаца“, бидејќи на тој начин ќе го прекршат финансискиот фер-плеј на УЕФА. Од Интер се жалат дека не можат да му парираат на Јувентус.

„Секој ден кога ќе размислиме за купиме некој врвен играч, се среќаваме со правила кои не смеат да се прекршат. Нашите приходи се 200-300 милиони евра, додека Јувентус кој е редовен учесник во Лигата на шампионите, има приходи од 400 милиони евра. Тие имаат и свој стадион и полека го зголемуваат фондот за плати на играчите. Тоа ја прави разликата со останатите италијански клубови. Сакавме да го купиме дибала, но Јувентус можеше да даде 20 милиони повеќе и тој отиде кај нив“, вели спортскиот директор на Интер.

Тимот од „Џузепе Меаца“ веќе неколку години е далеку од шансите да се бори за трофеј во Италија, а не па во Европа.  

Најново во Меѓународен Фудбал