Второ летно засилување за гигантот

Кеси слета во Милано како позајмен играч

Одличниот играч за врска, Франк Кеси, потпиша договор со Милан, а првите две сезони ќе игра како позајмен фудбалер од Аталанта, па потоа „росонерите“ ќе имаат право да го откупат договорот на 20-годишниот репрезентативец на Брегот на Слонова Коска

 

објавено: 2 јуни 2017 - 19:01

Одличниот играч за врска, Франк Кеси, потпиша договор со Милан, а првите две сезони ќе игра како позајмен фудбалер од Аталанта, па потоа „росонерите" ќе имаат право да го откупат договорот на 20-годишниот репрезентативец на Брегот на Слонова Коска.

Италијанските медиуми објавија дека трансферот на Кеси од Бергамо во Милано ќе го чини Милан околу 28 милиони евра.

Гигантот од Италија тргна во летно реновирање на тимот, а прв пристигна Мусачио од Вилјареал. Сега го ангажираа и Кеси, а се најавува дека кинеските сопственици ќе инвестираат пати во уште неколку засилувања.

Најново во Меѓународен Фудбал